На социјалните мрежи се појави урнебесно видео од маж како го запали автомобилот на синот на градоначалникот на Пале, Бошко Југовиќ.
На видеото се гледа како маж, покриен со бел чаршаф, се приближува до теренецот Шкода Кодијак на улицата Миодраг Лоловиќ.
Во сцената, како и во комичните филмови, човекот прво се прикрадува, погледнува наоколу и се подготвува да го запали теренецот, пренесува Српскаинфо.
– Во полициската станица Пале околу 01:00 часот било пријавено дека едно возило гори, а околу 01:20 часот гори друго. Пожарникарите ги локализираа пожарите, а полицијата е на терен – изјави за Срна Весна Стокановиќ, портпаролка на полициската управа во Источно Сараево.
Таа истакна дека по истрагата ќе се знае повеќе за причините за пожарот, но се претпоставува дека возилата биле намерно запалени.