More

    ДИЦ од вибер-групи ќе ги „лови“ матурантите препишувачи

    spot_img

    Комисија составена од вработени во Државниот испитен центар ќе констатира дали на конкретни ученици ќе им се поништи полагањето на првиот екстерен испит од државата матура – мајчин јазик и литература, поради прекршување на правилата во текот на испитот, односно користење на мобилен телефон за време на испитот.

    Ова денеска го изјави Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар, во врска со масовното препишување кое беше пријавено во саботата, кога се полагаше првиот екстерен испит на државната матура, посочувајќи дека ДИЦ првпат годинава ќе формира десет комисии, за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои треба да констатираат неправилности во текот на оценувањето.

    – Ќе се разгледува и вибер-групата во која бил споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата. Текст од таа вибер група, како и кој било друг текст што ќе го најдат во некоја вибер група ќе им биде даден на оценувачите – вели таа.

    Според неа, комисијата ги разгледува протоколите, заклучува дека одреден тестатор отстранил некој уленик поради прекршување на правилата, запишува извештај и врз основа на тоа, комисијата ќе предложи понишување на испитот.

    – Врз основа на тоа што е споделено во групата, како и од други извори на интернет, оценувачите може да констатираат препис од електронски уред. Сите десет комисии ќе констатираат за секој предмет поединечно – рече Михајловска.

    ДИЦ ќе даде предлог до Министерството за образование и наука и до новата Влада во иднина да се најде начин за обезбедување блокатори на сигнали за мобилни телефони, а исто така ќе апелира на тестаторите да им се плаќа за учество во матурата, како што стои и во неусвоениот нов закон за средно образование.

    – 2 000 луѓе одлично си ја завршија работата, ако некои двајца-тројца ги прекршиле правилата, не треба да го анулираме трудот на сите други – вели таа.

    Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој е организатор на полагањето на државната матура, во саботата матурантите полагаа задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература, за кој се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4 189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

    Клучна новина годинава е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и спортските сали на своите училишта или во најблиското каде што има соодветни услови наместо како досега во училниците.

    Во сабота, 8 јуни, ќе се одржи полагањето на вториот изборен екстерен испит, за кој се пријавени 1 356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

    Согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците и годинава полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача.

    Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули, односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img