Австралискиот тенисер Алекс де Минор приреди изненадување во осминафиналето на Ролан Гарос, откако го совлада Данил Медведев со 3-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-1, 6-3). Ова е прва победа на Де Минор над руски тенисер
Петтиот тенисер во светот започна добро и ништо не навестуваше вакво сценарио. Тој направи брејк веќе во третиот гем и успешно го одржа до крајот на сетот кој го доби со 6-4. Распадот следеше во вториот сет. И тоа од 2-2, кога Австралиецот освои четири врзани гема и го доби вториот сет за 1-1. Оттогаш, Медведев освои само четири гема, од кои три во четвртиот сет кога последен пат покажа знаци на отпор, но едноставно не можеше да го стори тоа против разиграниот противник.
За место во полуфиналето Де Минаур ќе се сретне против подобриот мечот помеѓу Зверев и Руне.