More

    Татјана Васиќ Бозаџиева останува единствена кандидатка за претседател на Уставен суд

    spot_img

    Ново гласање за претседател на Уставниот суд со само еден кандидат.

    Телевизија Телма дознава дека за да не дојде до уставна криза и блокада на работата на Судот, уставната судијка Ана Павловска Данева се повлекува од трката.

    Извори на Телма велат дека мотивот е деблокада на процесот на избор на нов претседател, бидејќи Деловникот предвидува гласање сѐ додека не се избере претседател, а во меѓувреме нема законска и деловничка можност претседавањето со седниците на Судот легитимно да го врши било кој од судиите.

    Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.

    Вчера заврши и тригодишниот мандат на Кацарска како шефица на Судот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img