Зошто милиони се одвојуваа за матни тендери, се местеа провизии за вакцини од десетици милиони евра, се крадеше на терапии за рак, а не се најдоа 120.000 евра за санација на Хирургија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем?!
Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева треба да кажат дали затоа што на време не направиле санација од 120.000 евра сега се блокирани 12 оддели на Хирургија и цел здравствен систем е во хаос?
Како е можно СДСМ и ДУИ да имаа пари за секакви матни зделки и тендери, а да немаа 120.000 евра за санација на проблемот на Хирургија? Имајќи го во предвид однесувањето на СДСМ и ДУИ станува јасно дека можеле, а не го решиле проблемот на Хирургија.
СДСМ и ДУИ свесно го блокираа цел здравствен систем. Одговорност за хаосот на Хирургија ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.