More

    Пронајдено тело на заложник на Хамас во кибуц во јужен Израел

    spot_img

    Телото на израелски заложник за кој се верува дека бил киднапиран од палестински вооружени групи од Појасот Газа е пронајдено и идентификувано во еден од кибуцимите во јужен Израел нападнат од Хамас на 7 октомври, соопшти израелската војска.

    „Телото на Долев Јехуд е пронајдено во Кибуц Нир Оз“, соопшти израелската војска, додавајќи дека е идентификувано врз основа на целосна анализа и во координација со антрополошки експерти.

    Досега се веруваше дека Јехуд е еден од заложниците одведени во Газа.

    Долев Јехуд (35), жител на Кибуц Нир Оз, бил припадник на итната медицинска помош, соопшти армијата.

    За време на нападот на палестинскиот исламистички Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година, тој ја напуштил својата куќа за да се обиде да си го спаси животот, но бил убиен од припадници на „терористичката организација Хамас“, се додава во соопштението.

    Во нападот на Хамас врз Израел, кој ја започна војната во Газа, на израелска страна загинаа 1.190 луѓе, според податоците на Френч прес врз основа на официјални израелски извештаи. ;

    Од околу 250 луѓе кои беа земени како заложници на 7 октомври, приближно 120 се уште се во Газа, а 37 се мртви, според израелската војска.

    Најмалку 36.439 Палестинци загинале во Појасот Газа во бомбардирања и операции на израелската војска од почетокот на војната, според Министерството за здравство на владата во Газа предводена од Хамас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img