Легендарниот фудбалски тренер Жозе Мурињо е познат по својата способност да ја разгори фантазијата на навивачите, а тоа уште еднаш го покажа во својот нов клуб, турскиот Фенербахче.
На презентацијата во Истанбул, Португалецот со еден потег ги фрли во транс страсните навивачи на турскиот клуб.
– Овој дрес е моја кожа! – изјави Мурињо.
Мурињо претходно раководеше со голем број тимови, ги освои најпрестижните награди и остави неизбришлива трага во секој клуб што го тренираше. Во својата кариера ги предводеше Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома, беше шампион на Португалија, Англија, Италија и Шпанија.
Трофејниот португалски тренер потпиша двегодишен договор со Фенербахче.