Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа
Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година
поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која
вчера се оддржа во хотел Хилтон во Скопје.
Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше
едногласно усвоен.
По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со
два пратеници во актуелниот собраниски состав.
Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците
да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување
ќе одлучува на следната седница во месец септември.