По крајот на финалето од Лигата на шампионите се случи интересен момент, Џуд Белингем побара од Жозе Мурињо да се слика со неговата мајка која била фан на Португалецот.
Мурињо беше на Вембли, го работеше финалето како фудбалски аналитичар, па по крајот на натпреварот беше на теренот.
Откако заврши церемонијата за доделување на медалите и големиот пехар, Белингем отиде кај Мурињо и го замоли да се слика со неговата мајка.
Мајката на Белингем со години била голем фан на Жозе Мурињо.
Португалецот на шала му рече на Англичанецот: „Сега дојди во Фенербахче“.