More

    Кристијано Роналдо и во следната фудбалска сезона ќе игра во саудискиот Ал-Наср

    spot_img

    Кристијано Роналдо и во следната фудбалска сезона ќе игра во саудискиот Ал-Наср, тврди познатиот спортски новинар Фабрицио Романо. Тој се повикува на изјавата на сопственикот на клубот, Гвидо Фиенга, кој изјави дека португалската фудбалска ѕвезда нема да го напушти својот сегашен тим.

    Роналдо му се приклучи на саудискиот клуб на почетокот на 2023 година, откако го напушти Манчестер Јунајтед и загуби со Португалија во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година во Катар.

    Тековната сезона беше крајно незадоволителна за „седумката“ кој, и покрај тоа што постигна 44 гола на 45 натпревари во сите натпреварувања, не успеа да освои некој голем трофеј. Ал-Наср заврши со цели 14 бода од врвот во Премиер лигата на Саудиска Арабија, беше исфрлен на пенали во азиската Лига на шампиони од Ал-Аин во четвртфиналето, како и во финалето во турнирот за Кралскиот куп пред само неколку часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img