Култрниот мадридски стадион „Сантијаго Бернабеу“ неодамна имаше огромна трнсформација која чинеше повеќе од една милијарда евра со што стана најдобриот стадион во Европа.
И дефинитивно Реал Мадрид е вистинска фабрика за пари. Дон Флорентино Перез е вистинско чудо, вистински генијалец.
Да, можеби новиот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше милијарда евра, но таа инвестиција полека и секојдневно се исплаќа. Ова е најновиот пример.
Имено од концертот на мега – ѕвездата Тејлор Свифт, кој се одржа на ултра модерниот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал Мадрид заработи 9 милиони евра.
Американската суперѕвезда ни покажа како изгледа Бернабеу во својата концертна верзија, а пејачката направи вистински спектакл на стадионот во Мадрид.
На интернет кружат бројни фотографии и видеа од концертот, кои се навистина импресивни.
Инаку за концертот биле продадени неверојатни 120.000 билети за овој спектакл во Мадрид.