Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се овогодинешните невеста и зет на Галичката свадба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се овогодинешните невеста и зет на Галичката свадба, одлучи советот на Месната заедница Галичник.

„Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!“, се наведува во соопштението од Месната заедница Галичник.

Share This Article