More

    Мировен самит за Украина без светска велесила: „Условите не се исполнети“

    spot_img

    И покрај неколкуте повици на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кина најверојатно нема да присуствува на мировната конференција за Украина, бидејќи Русија нема да биде таму. Пекинг инсистира дека двете страни во конфликтот мора да бидат подеднакво застапени.

    На Кина ќе и биде тешко да присуствува на мировната конференција за Украина, која во јуни ќе се одржи во Швајцарија, доколку Русија не учествува на неа, најави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. Во исто време, таа објасни дека без учеството на Москва, конференцијата немаше да одигра важна улога во враќањето на мирот во Украина.

    „Организацијата на конференцијата сè уште не ги задоволува барањата на Кина и очекувањата на меѓународната заедница, така што на Кина ќе и биде тешко да учествува“, рече портпаролката.

    Домаќин на самитот за Украина ќе биде Луцерн, Швајцарија, меѓу 15 и 16 јуни. Швајцарската влада, која го организира настанот на барање на Украина, соопшти дека поканила 160 делегации, но Русија не е меѓу нив.

    Во изминатите денови, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги повика претседателите на Соединетите Американски Држави и Кина да присуствуваат. Вашингтон се уште не го потврдил учеството на претседателот Џо Бајден, но Пекинг денеска инсистираше на тоа дека на самитот треба да учествува и Русија, што Украина го отфрла.

    „Кина секогаш инсистираше на тоа дека меѓународната мировна конференција мора да биде признаена од Русија и Украина, дека сите страни мора да учествуваат подеднакво во неа и дека за сите мировни планови мора да се разговара искрено. Во спротивно, ќе биде тешко конференцијата да одигра важна улога во враќањето на мирот“, објасни Мао Нинг.

    Таа додаде дека Кина „ќе ги промовира мировните преговори на свој начин, ќе остане во контакт со сите страни и ќе се стреми да создаде услови за политичко решение на кризата во Украина“, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот кинески колега Донг Џун денеска се сретнаа во Сингапур, каде што разговараа и за ситуацијата во Украина.

    Како што соопшти по средбата портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ги почитува своите обврски и не дава оружје ниту на Украина, ниту на Русија. „Во согласност со законите и прописите, воведовме строга контрола на извозот на воена опрема“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img