До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.

– Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката – информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

Share This Article