Министерката за одбрана го напаѓа лидерското столче на СДСМ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ќе се кандидидирам за претседателка на СДСМ, потврди за Телма актуелната министерка за одбрана во заминување Славјанка Петровска.

Потврдата доаѓа пред вечерешниот Централен одбор на СДСМ на кој треба да се потврдат датумите за отчетниот Конгрес на кој лидеротр во оставка Димитар Ковачевски ќе треба да реферира за историски најголемиот изборен пораз во СДСМ, но и за внатрепартиските избори кои треба да се одржат на 30 јуни.

Таа во писмен одговор соопшти дека ја официјализирала кандидатурата пред сопартијците во Тетово, во 6-тата изборна единица, каде што таа беше кандидат и стана пратеник.

„Сѐ уште не е почната постапката за кандидирање, но денеска имав средба со кандидатите за пратеници на СДСМ за ИЕ 6 и општинските штабови и им потврдив дека ќе се кандидирам за Претседател на СДСМ, затоа што во сериозни и предизвикувачки времиња како сега потребна е решителност и носење одлуки. Изминатите години сите одговорни задачи кои ми беа доверувани ги извршував одговорно и посветено и сум подготвена да го превземам товарот кој го носи потребата од реформа на СДСМ, единство и фокус на идеологијата. На СДСМ му треба силно, мотивирано и обединето членство, а на Македонија и треба силен СДСМ“, одговори Петровска во пишана изјава.

Официјалниот рок за поднесување на кандидатури ќе стартува од утре, по вечерашниот состанок.

Share This Article