Не се планираат предвремени локални избори – Пред да се формира Владата ќе се сменат неколку закони

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На првата седница што ќе ја закаже новиот претседател на Собранието Африм Гаши, уште пред да се формира Владата, ќе се најдат измени на закони со кои ќе се овозможи да се формираат нови министерства, да се трансформираат постоечки министерства, како и да се избегнат предвремени локални избори во неколку општини, зашто имињата на неколкумина градоначалници веќе се спомнуваат како дел од новата извршна власт.

Ова го изјави Гаши во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) кое ќе се емитува во недела на 2 јуни.

– Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет-шест месеци и после за седум-осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно – вели Гаши за РСЕ.

За да се изгласаат овие измени потребно е двотретинско мнозинство.

За градоначалниците на Гостивар Арбен Таравари и на Аеродром Тимчо Муцунски се шпекулира дека би преминале во извршната власт, а Блерим Беџети од Општина Сарај веќе си го зеде пратеничкиот мандат.

Share This Article