Здравко Чолиќ, еден од најпопуларните пејачи на територијата на поранешна Југославија, денеска ќе наполни 73 години, иако никој не би поверувал, благодарение на неговата енергија и виталност.
Тој е на сцената со децении и зад неговото име стојат многу безвременски хитови. За разлика од многу личности од естрадата, Здравко Чолиќ, надвор од сцената живее мирен семеен живот кој успева да го држи подалеку од очите на јавноста. Тој и неговата сопруга Александра се во брак 20 години и имаат две ќерки.
Александра е професор по географија, ретко се појавува на јавните настапи, но со години е безусловна поддршка на својот славен сопруг.
Здравко и Александра се венчале на 1 мај, а како што еднаш кажа Чола, речиси сите мислеле дека е скриена камера, бидејќи отишле на традиционалната празнична прослава. Зборувајќи за таа „изненадувачка одлука“, пејачот истакна дека најважно за љубовната врска е меѓусебното почитување и пријателството.
Своевремено, славниот пејач често го прашуваа како тој ја избра Александра во морето од обожавателки и со што го освоила жената на неговиот живот.
– Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме и со текот на времето почнавме да излегуваме. Таа ме освои со едноставноста и со посветеноста. Ми се посвети, мисли за мене, се грижи за мене… Човек, едноставно, препознава личност која би сакал повторно да ја види, доловува некоја емоција која без зборови кажува дека таа личност му значи нешто. Тоа не можам да го објаснам бидејќи пред себе можеш да ја имаш најубавата и најпаметната жена и едвај чекаш да си замине. Вишата сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не. Аурата на Сандра и мојата се препознаа, тоа веројатно беше доволно за влез во некоја нова димензија – вели Здравко Чолиќ.
Обожавателите се сигурни дека песната „Тебе чувам за крај“ е упатена до неговата сопруга, кон која и денес има голема љубов и не ја крие.