More

    ЦЕЦА ГИ ЗАСЕНИ И ЌЕРКАТА И СНААТА НА СВАДБАТА НА АНАСТАСИЈА

    spot_img

    Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ во последно време има многу причини за радост и среќа, а сите овие причини ги прослави како што доликува. Прво го прослави првиот роденден на внукот Крстан, а потоа пристигнувањето на неговиот брат Исаија. А, вчера била особено среќна бидејќи нејзината ќерка Анастасија во нивниот семеен дом се венча и пред матичар со фудбалерот Немања Гудељ.

    Стајлингот на Цеца Ражнатовиќ за оваа пригода очекувано бил посебен.

    Анастасија, како и секогаш била згодна и се издвојувала од сите дами присутни на венчавката, меѓутоа, сите присутни се согласни дека Цеца ја засенила дури и неа.

    Пејачката на свадбата на својата ќерка се појавила во краток цветен фустан кој го открил нејзиното згодно тело.

    Пред две години Цеца била во Турција, каде го „дотерала“ своето тело во една клиника и оттогаш внимава и на исхраната и на физичката активност, па како што одминува времето изгледа сè подобро.

    Иако Цеца не објавувала фотографии и видеа од венчавката на ќерка си, тоа го направила Анастасија, која објавила снимка на која се гледа како го фрла бидермаерот.

    Цеца била една од кандидатките за фаќање на бидермаерот, но сепак завршил во рацете на бабата на Богдана, што сите ги насмеало.

     

    На венчавката на Анастасија и Немања присуствувала и нејзината снаа Богдана, која неодамна се породи, а нејзиниот изглед исто така ги изненадил сите. Сопругата на Вељко пристигнала на венчавката во тесен зелен фустан со прерамки, а сите се согласиле дека е речиси невозможно да изгледа толку добро по три породувања.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img