Додека командантот на украинските вооружен сили Александар Сирски тврди дека потпишал документи за „амбициозен проект“ со кој француски воени инструктори кои ќе дејствуваат на територијата на Украина, францускиот претседател Емануел Макрон ја ублажи пораката велејќи дека разговорите уште се во тек.
Франција може да стане првата европската земја која ќе испрати војници во Украина. Николас Тенцер, експерт за француска надворешна политика, за Дојче Веле вели дека испраќањето воени инструктори во Украина е првото можно сценарио.
– Франција е подготвена да го направи тоа што е можно поскоро. Тој објаснува дека овие војници би можеле да бидат стационирани во Лавов или Киев. Следната опција е да се помогне во идентификувањето на воените цели во самата Русија. Но, на Запад, никој не зборува за ова, бидејќи никој не сака да биде вовлечен во војна.
„Како да им објасниме на Украинците дека не треба да напаѓаат?“
Тоа што германскиот канцелар Олаф Шолц и Макрон најавија дека ќе развиваат заедничка ракета со долг дострел по состанокот во вторникот во Мезеберг не го спречи Макрон да коментира мапа на Украина на која се прикажани прекуграничните напади кај Харков велејќи:
– Овие карти покажуваат дека украинската територија всушност била нападната од базите во Русија. Па, како да им објасниме на Украинците дека ќе мораме да ги заштитиме овие градови… ако им кажеме дека не смеат да ја погодат точката од која се испукани проектилите?
Луѓето на социјалните мрежи побрзаа ова да го протолкуваат како дозвола за Украина да ја нападне Русија.
– Сепак, не смееме да дозволиме Украина да напаѓа други цели на територијата на Русија, особено нецивилни цели – додаде Макрон, а пренесуваат агенциите.
Шолц изјави дека Украина мора да го почитува меѓународното право „кое досега добро функционираше“.
Полска и балтичките земји нема да чекаат?
Во меѓувреме, германски „Шпигел“ напиша дека Шолц стравува дека Полска и балтичките земји нема да ја чекаат Германија и самите ќе испратат свои трупи ако ситуацијата ескалира.
Ова ја разгори дебатата за можна конфронтација на НАТО со Западот. САД се огласија и повторија дека се против украински напади на руска територија. Белгија потпиша договор со Украина и вети 30 борбени авиони Ф-16, но под услов да не летаат на руска територија.
Вашингтон и Берлин јасно се изјаснија против барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за оружје со кое може да напаѓа на украинска територија.
Лесна „хуманитарна“ мисија во Лавов
Во Германија, некои политичари се залагаат за соборување на руски беспилотни летала и ракети во западна Украина и на територијата на НАТО. Ова практично би значело воведување на ограничена зона на забранети летови за заштита на украинските градови во близина на границата со Полска, како што е Лавов.1
На ваков став е и Јахара Матишек, воен експерт од Американскиот поморски воен колеџ, кој вели дека соборувањето руски ракети и беспилотни летала само над Украина , а не над Русија или нејзиниот сојузник Белорусија, би било речиси „хуманитарна мисија“. Целта би била да се заштити инфраструктурата и населението „од случајни напади“.
Според него и испраќањето воени инструктори во Киев би било лесна мисија.
Стариот „берлински“ ѕид со нови дронови
Плусинфо веќе пишуваше дека шест земји на НАТО се согласија да изградат „ѕид со беспилотни летала“ долж нивните граници за да се одбранат од руските закани, пишува Дејли Телеграф.
Норвешка, Полска и Финска ќе соработуваат со трите балтички држави, Естонија, Летонија и Литванија, за да се спречи руската агресија, вклучително и принудувањето на мигрантите преку граница.
Оваа соработка беше најавена само денови откако Русија ги помести пловките на реката Нарва кои ја претставуваат границата со Естонија, што го крена алармот во балтичките земји за можните апетити на Путин.