More

    Во Њу Делхи се регистрирани рекордни 52,3 степени Целзиусови

    spot_img

    Во Њу Делхи се регистрирани рекордни 52,3 степени Целзиусови
    Температура од 52,3 степени Целзиусови е забележана во Њу Делхи, главниот град на Индија, што е температурен рекорд за целата земја, соопшти метеоролошката служба.

    Рекордна температура денеска ја регистрира индиската метеоролошка служба во Мунгешпур, предградие на Њу Делхи, соборувајќи го претходниот национален рекорд регистриран во пустината Раџастан за повеќе од еден степен Целзиусови.

    Во Њу Делхи, претходно денеска беше објавено дека во истото предградие Мунгешпур е забележана рекордна температура од 50,5 степени Целзиусови, што го собори топлотниот рекорд за градот забележан претходниот ден од 49,9 степени Целзиусови.

    Властите на градот во кој живеат околу 30 милиони жители денеска издадоа црвено предупредување за екстремни горештини.

    Надлежните укажаа на опасноста по здравјето на луѓето од сите возрасти поради топлотните бранови и повикаа да се посвети посебно внимание на чувствителните лица.

    Топлотниот бран во центарот и северозападниот дел на Индија од утре би требало постепено да почне да стивнува, соопшти Индиската метеоролошка служба.

    Во мај 2022 година во некои делови на главниот град беа измерени температури од 49,2 степени Целзиусови.

    Екстремните горештини се вообичаени во Индија во текот на летото, но според истражувачите, климатските промени доведуваат до подолги, почести и поинтензивни топлотни бранови.

    Градските власти предупредија на ризик од недостиг на вода, бидејќи во некои области веќе има прекини во снабдувањето.

    Во северозападната индиска држава Раџастан, вчера е забележана највисока температура во земјата од 50,5 степени Целзиусови. Таа пустинска област околу градот Фалоди го забележа претходниот историски рекорд на топлина од 51 Целзиусов степен во 2016 година.

    Со силни топлотни бранови е зафатена и соседната земја Пакистан, а максималната температура е измерена во неделата од 53 Целзиусови степени во провинцијата Синд, која граничи со Индија.

    Пакистанската метеоролошка служба очекува од утре температурите да почнат да опаѓаат, но во јуни повторно се очекуваат високи температури.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img