Русија од почетокот на годината досега увезла 178.300 тони јаболка, од кои најголем дел од Србија, соопшти Федералната ветеринарна и фитосанитарна служба, објави ТАСС.
„Од почетокот на оваа година, Русија има увезено најмногу јаболка од Србија, 30.900 метрички тони, Азербејџан 28.400 метрички тони и Кина 15.200 метрички тони“, се наведува во соопштението.
Увозот на јаболка во Русија изнесува 417.030 тони годишно.
И годинава од нашата земја нема извоз на јаболка во Русија.