Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот.

– Тоа може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови, да врши извидување, да го идентификува непријателот и да ја гаѓа целта – изјави војникот Чен Веј за Кинеската државната телевизија.

Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина – Камбоџа“ го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ – управувано со далечински уред.

Воената употреба на роботски кучиња не е нешто ново. Во Кина лани во ноември се одржа заедничка вежба на кинеската, камбоџанската, лаоската, малезиската, тајландската и виетнамската војска. Во 2020 година, американските воздухопловни сили исто така демонстрираа употреба на кучиња-роботи.

 

Share This Article