Вашингтон е против употреба на американско оружје на руска територија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

САД кои се главниот сојузник на Киев во војната против Русија, не сакаат Украина да користи американско оружје за да напаѓа „на руска територија“, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа.

– Нашиот став не е променет во оваа фаза. Ние ниту ја охрабруваме, ниту овластуваме употребата на оружје испорачано од САД за удари врз руска територија – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.

Коментарот следуваше откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на Киев треба да му се дозволи да ги „неутрализира“ воените бази од кои Русија ги лансира нејзините ракети против украинска територија. Воедно, и неколку други европски челници како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, застанаа на ставот дека Украина има право да се брани и да употреби западно оружје за неутрализирање на воени цели на руска територија.

Share This Article