Набргу откако шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека оваа земја денеска официјално ја признава државноста на Палестина, израелскиот министер за надворешни работи Јизраел Кац се огласи на социјалната мрежа „Х“ за да го осуди таквиот потег.
Во својата објава, Кац сподели фотографии од иранскиот ајатолах Али Хамнеи, водачот на Хамас Јахја Синвар и шпанската премиерка Јоланда Дијаз и го обвини шпанскиот премиер Санчез дека е соучесник во поттикнувањето геноцид и воени злосторства врз еврејскиот народ.
Тие повикуваат на исчезнување на државата Израел и формирање на палестинска исламска терористичка држава од реката до морето“, напиша израелскиот министер.
За потсетување, шпанскиот премиер Педро Санчез денеска и се обрати на нацијата за да ја потврди одлуката за признавање на палестинска држава, чекор што ќе биде официјализиран на денешната седница на шпанските министри.
„Тоа не е одлука што ја донесовме против никого“, рече тој, додавајќи дека мерката одразува „фронтално отфрлање“ на Хамас.
Санчез уверува дека одлуката се заснова на „меѓународно почитување“ и објасни дека не се признаваат никакви промени на границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим.
Освен Шпанија, земјите кои веднаш се согласија да ја признаат Палестина како држава беа Ирска и Норвешка.