Целата светска економија е во опасност да биде презаситена со евтин кинески извоз, изјави Бруно Ле Мер, француски министер за финансии, на самитот на Г7 во италијанското гратче Стреса.
Тој директно ја повика Кина со заеднички став дека „неопходно е да се реагира на штетните практики и да се разгледа преземањето чекори за да се обезбеди еднаков терен за игра“.
– Мораме да го решиме тоа прашање – рече Ле Мер.
Европската унија, пак, е при крај со истрагата за субвенции за електрични возила што најверојатно ќе доведе до одбранбени мерки против кинескиот извоз на автомобили.
Блумберг објави дека водечките индустриски нации се здружуваат за да се спротивстават на предизвикот на кинескиот прекумерен капацитет, за кој велат дека им се заканува на нивните домашни производители.