Бензините поевтинуваат, а дизелот поскапува

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на бензините и на мазутот од полноќ се намалуваат, а на дизелот и на маслото за горење се зголемуваат, одлучи  Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“, се намалува за 0,50 денари по литар и од полноќ  ќе изнесува 82,50 денари. Цената на бензинот  „еуросупер -98“, се намалува за 1,00 денар по литар и ќе изнесува 84,50 денари.

Цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство  се зголемуваат за 0,50 денари по литеар и од полноќ ќе изнесуваат  73,50 за дизелот и  73,00 денари за маслото за домаќинства.

Регулаторите ја намалија и цената на мазутот за 0,176 ден/кг, и од полноќ ќе изнесува 42,453 ден/кг.

Share This Article