More

    Тони Цетински се присети на соработката и пријателството со Тоше Проески

    spot_img

    Еден од најпопуларните регионални пејачи, Тони Цетински, се потсетил на покојниот музички великан Тоше Проески, кој нѐ напушти пред 14 години.

    Имено, Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка и го зацрни регионот, а Цетински се присети на соработката и пријателството со македонскиот пејач и откри нови детали.

    – Сакам да им помагам на помладите и го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ме загрози. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дуетска песна со Тоше Проески. Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Зошто да не правам дует со некој што убаво пее – рекол Цетински во емисијата „Пулс Србија“.
    Цетински додал и дека сака да соработува со помладите колеги, како и дека суетата никогаш не му била својствена.

    – Тој начин на размислување е старомоден, од некои стари системи каде некои постари пејачи се држат скржаво и внимаваат некои помлади да не ги поклопат со своето пеење. Мојата духовна страна го прави тоа. Мене тоа ми е туѓо – заклучил Цетински.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img