Во пресрет на денешното финале на Евролигата во Берлин, ноќеска се судрија навивачи на Панатинаикос и Олимпијакос, пренесува Еурохупс.
Се очекува околу 9.000 грчки навивачи да пристигнат во Берлин на фајнал-форот на Евролигата во 2024 година каде што во 17 часот денеска Панатинаикос ќе се соочи со Фенербахче во битка за третото место, а Олимпијакос ќе се сретне со Реал во финалето на фајнал-форот закажано за 20 часот.
Во синоќешниот инцидент имало 12 повредени, од кои двајца потешко, додека едно лице е во критична состојба.
Германската полиција тешко го спречи овој инцидент, во тепачката учествувале околу 60 лица, според полицискиот извештај, дел од нив користеле безбол палки и шипки.