More

    Најмалку две лица загинаа воденешниот руски напад врз специјализиран трговски центар кој продава градежни производи во Харков

    spot_img

    Најмалку две лица загинаа воденешниот  руски напад врз специјализиран трговски центар кој продава градежни производи во Харков, вториот по големина град во Украина во регионот кој е цел на руски напади повеќе од две недели.

    – Сигурно знаеме дека две лица загинаа – соопшти градоначалникот на Харков, Ихор Терехов на Телеграм.

    Гувернерот на регионот Олех Синехубов изјави дека во нападот се повредени четири лица. Тој рече дека две наведувани бомби го погодиле трговскиот центар, по што пожарот зафатил 15.000 квадратни метри.

    – Голем број луѓе се исчезнати, а многу се повредени. Наводно нападот се случил во трговски центар со многу луѓе… Ова е чист тероризам – изјави градоначалникот Терехов.

     

    Пред војната, Харков имаше 1,5 милиони жители. Станува збор за град во близина на руската граница во североисточна Украина и редовно е цел на напади на руските воени сили, кои на 10 мај започнаа копнена офанзива врз целата област Харков.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот во трговскиот центар можело да има над 200 луѓе.

    – Во моментов знаеме дека можеше да има повеќе од 200 луѓе во трговскиот центар. Сите служби кои помагаат во гаснењето на пожарот и спасувањето на луѓето се веќе на терен – изјави Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img