Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Црна Гора не е непријател на Србија, но дека српските власти се разочарани што земјата гласала за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која вчера ја усвои Генералното собрание на ОН.
Тој гостуваше на телевизија Пинк и оцени дека Резолуцијата не носи никакво помирување, туку поделба и дека нејзината цел е „да и стави јамка околу вратот на Србија“.
Според него, земјите кои не гласале за тој документ нема ни да го применат, бидејќи тој не е правно обврзувачки.
Во четвртокот, Генералното собрание на ОН усвои Резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.
За усвојување на Резолуцијата на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН гласаа претставници на 84 земји, 19 беа против, а 68 беа воздржани.