Директорот на Канцеларијата за јавна и културна дипломатија на Србија, Арно Гујон, на својот официјален профил Икс реагираше на усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница во Обединетите нации. Тој објави мапа на, како што тој вели, „слободни и суверени земји“.
За Резолуцијата гласале 84 земји, 19 биле против, а 68 воздржани, односно вкупниот број на гласови против и воздржани беше 87. Не сите од 193 членки на ОН беа присутни на гласањето.
Како гласаше регионот за Резолуцијата за геноцид во Сребреница? Грција беше воздржана, Maкедонија, Црна Гора и Хрватска гласаа „за“, Унгарија против.
Земји кои гласаа против: Антигва и Барбуда, Белорусија, Кина, Коморите, Куба, Демократска Република Конго, Северна Кореја, Доминиканската Република, Еритреја, Есватини, Гренада, Унгарија, Мали, Никарагва, Руската Федерација, Сао Томе и Принципе, Науру , Сирија и секако Србија.
Земји кои се воздржаа: Алжир, Ангола, Аргентина, Ерменија, Бахамите, Бахреин, Барбадос, Бенин, Бутан, Боцвана, Бразил, Бурунди, Камбоџа, Камерун, Конго, Брегот на Слоновата Коска, Кипар, Доминиканска Република, Екваторијална Гвинеја, Етиопија, Габон, Грузија , Гана, Грција, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Хондурас, Индија, Јамајка, Казахстан, Кенија, Кирибати, Лаос, Либан, Лесото, Мадагаскар, Малдиви, Мексико, Монголија, Мозамбик, Намибија, Непал, Нигерија, Оман, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Парагвај, Перу, Филипини, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сејшели, Словачка, Соломонски Острови, Јужен Судан, Шри Ланка, Судан, Суринам, Таџикистан, Тајланд, Того, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Уганда, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам.
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Елмедин Конаковиќ изјави дека БиХ утре ќе испрати протестни ноти до сите држави кои денеска во Генералното собрание на ОН во Њујорк гласаа против резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година и се осудува негирањето на геноцидот и величањето на воените злосторници.