More

    Хаос во судот во Смедерево, прекинато судењето на момчето кое уби 9 лица

    spot_img

    Во Вишиот суд во Смедерево настана целосен хаос, откако затворските чувари во судницата го доведоа Урош Блажиќ, масовниот убиец кој на 4 мај минатата година уби 9 лица, а повреди уште неколку во селата Мало Орашје и Дубона во Србија.

    Освен Урош Блажиќ во судницата беше донесен и неговиот татко, кој исто така беше обвинет. Во судот настана хаос во моментот кога беа донесени, родителите на децата жртви во масакрот го нападнаа Блажиќ, јавува Нова.рс

    Полицијата веднаш ги извади Блажиќ и неговиот татко од судницата.

    По хаосот во Вишиот суд во Смедерево, кога родителите на убиените во Дубона и Мали Орашје вербално ги нападнаа Урош Блажиќ и неговиот татко, во моментот кога беа внесени во судница, адвокатот Небојша Перовиќ изјави дека се случило она што се очекувало.

    – Се случи очекуваното, тоа беше прва средба на семејствата со криминалецот. Едноставно беше невозможно родителите, браќата и сестрите тивко да набљудуваат и да учествуваат во една исклучително тешка процедура. Знаете, не би сакал сега да се правдам, дали е правилно, правно, гледајќи вака можеби не е, но човечки е – рече адвокатот Небојша Перовиќ, кој е застапник на еден од повредените во масакрот.

    Откако Блажиќ беше изнесен од судницата облечен во панцири и беше придружуван од голем број стражари, беше донесена одлука за прекин на судењето. Потоа беше одлучено постапката да продолжи во Специјалниот суд во Белград.

    Некои родители биле згрижени од екипа на Брзата помош.

    За потсетување, судењето требаше да започне во 10 часот, а на денешното рочиште обвинетиот Урош Блажиќ требаше да се изјасни за делото.

    Инаку, на обвинетиот Урош Блажиќ за масакрот му се заканува казна затвор од 20 години бидејќи во времето на извршувањето на кривичните дела бил млад полнолетник, односно немал наполнето 21 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img