Одговорете искрено и анонимно на истражувањето на Институтот за јавно здравје

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Агенцијата за дроги на ЕУ (ЕМЦДДА) со седиште во Лисабон во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија почна со Европското веб истражување за дроги 2024, во кое се вклучени повеќе од 30 земји.

Со истражувањето се опфатени прашањата поставени во последното Европско веб-истражување за дроги – дали употребувате дроги, колку и како, а одговорите треба да помогнат за да се процени начинот на употреба на дрога.

Целна група на истражувањето се лицата кои што имаат 18 години или повеќе, а целта е одговорите на доброволите и анонимни испитаници да помогнат во креирање на идните политики и интервенции за превенција на употреба на дроги.

Со истражувањето кое вклучува врвни методи за мониторинг на Агенцијата ќе се опфатат над 36 држави, а ќе се спроведе на 30 јазици.

Нашата држава, заедно со државите од Западен Балкан, преку иструментот за претпристапна помош (IPA8), втор пат учествува во ова истражување.

Онлајн анкетите имаат предност бидејќи допираат директно до луѓето кои што користат дроги. Тие се евтини и брзи за поставување, брзо обезбедуваат нови податоци и помагаат во следење на новите трендови. Овие истражувања може да овозможат меѓунационални споредби.

Новата анкета, која ќе трае шест недели, ќе биде врз основа на прашалник кој е структуриран во модули за: социо-демографски податоци, начини на употреба на дрога, пристап до дрога (вообичаено купена количина и цена), со поголем фокус на употребата на канабис. Резултатите ќе придонесат за едукација базирана на практиките за користење на дрога во Европа.

Веб-анкетите не се репрезентативни за општата популација, но кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се создаде подетална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа, со што се клучни во одговорноста на ЕМЦДДА кон постојано следење на проблемот со дрогата.

Институтот за јавно здравје на РСМ, во истражувањето е поддржан од Министерството за здравство на РСМ.

- Advertisement -
Ad image

Прашалникот е поставен на линкот:

https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/EWSD2024-NorthMacedonia?surveylanguage=MK и е достапен на македонски, албански и на англиски јазик.

Пополнувањето на онлајн, доброволниот и анонимен прашалник ќе помогне во собирање релевантни податоци во интерес на превенцијата на употреба на дроги во нашата држава, но и во светски рамки.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article