Змиите ги привлекуваат различни мириси кои може да ги има во вашиот двор или во близина на вашиот дом. Дали знаете што најмногу ги привлекува?
Иако змиите не се штетни, па дури и корисни, ние не ги сакаме во близина на нашите домови. Што најмногу ги привлекува и кои растенија не ги сакаат? Змиите не се директно привлечени од остатоци од храна, туку ги привлекуваат глодари кои собираат храна и оставаат измет. Змиите лесно го мирисаат ова и почнуваат да бараат плен, пишува порталот Крстарица, а пренесува Сити Магазин.
Некои влекачи се особено привлечени од мирисот на водоземците, како што се жабите или рибите. Исто така, мирисот на птиците, нивниот измет, гнездата и птичјите јајца може да биде вистински магнет за змиите.
Змиите детектираат други змии со помош на феромони, па поради потребата од храна и размножување, особено во сезоната на несење јајца, ќе дојдат на места каде што ќе видат други змии.
За да се заштитите од змии, во вашата домашна градина засадете растенија што не ги сакаат змиите. Тоа се калинки, невен, трн и хризантеми.