За 17% е намален вкупниот број на превезени патници во првото тримесечје од 2024 година во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во бројки ова тримесечје се превезени 10.766.000 луѓе.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22,2 %, во приградскиот превоз е намален за 13,1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6,6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32,6 %.
Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12 %.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1,6 %, во приградскиот превоз е намален за 8,6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14,2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27,7 %.