More

    Утре е втората Конференција во организација на ФОРТОНМКА

    spot_img

    Во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје утре (22.05) ќе се одржи втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА. Конференцијата ќе биде домаќин на локални и меѓународни професионалци и ќе отвори дебата за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности.

    Целта на Конференцијата за комерцијални недвижности е да овозможи квалитетна платформа за дијалог и размена на идеи и концепти преку јавна дебата, со цел да се најдат одговори за важните прашања на пазарот на недвижности.

    Конференцијата и оваа година има богата програма, составена од шест панели на кои ќе бидат изложени различни теми на кои сопствениците и претставниците на најголемите компании учесници во создавањето на пазарот на недвижности од земјaта и регионот ќе разговараат за најактуелните проблематики што ја опкружуваат индустријата на комерцијални недвижности.

    Вратите на Конференцијата се отвораат за посетители и за регистрација на учество во 08.30 часот, по што ќе следува воведно обраќање на Катарина Николов, партнер и извршен директор на ФОРТОНМКА. Првиот панел под наслов „Финансирање на инвестициите во комерцијален недвижен имот“ ќе започне во 09.30 часот и ќе го отвори дискусија за тоа како финансиските институции реагираат на економската несигурност.

    Панел дискусиите продолжуваат во 10.30 со темата „Урбанизација и урбанистичко планирање“, потоа во 11.30 часот со темата „Инвестиции во хотелски капацитети“, продолжуваат во 13 часот со темата „Бизнис згради“ и во 14.30 со темата „Сектор малопродажба“, на која ќе биде поттикната дискусија за различните формати за малопродажба со цел да се одговори на потребите на заедницата. Конференцијата ќе заврши со последниот панел под наслов „Пазар на станбен простор“, кој ќе отвори дебата за постоечките услови на пазарот на недвижности и за потенцијалните промени кои доаѓаат. Во периодите помеѓу панелите ќе бидат претставени дел од спонзорите на овогодинешната Конференција.

    Целосната програма е достапна на следниот линк: https://realestateconference.mk/mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0/

    Конференцијата за комерцијални недвижности е во организација на ФОРТОНМКА, компанија која е стратешки партнер на Cushman & Wakefield, најголемата светска компанија за советодавни услуги во областа на комерцијални недвижности. Присутните на Конференцијата ќе добијат шанса да се запознаат со водечки експерти, да се вмрежат со инвеститори и компании, но и да добијат инсајдерски информации кои можат значително да влијаат на инвестициските стратегии и управувањето со недвижностите во иднина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img