More

    Иван Боески е познат по изјавата „алчноста е добра“

    spot_img

    Синоќа на 87-годишна возраст почина Иван Боески, еден од пулените на Волстрит од 1980-те години и архетип за алчен и безмилосен трејдер, инспирација за карактерот на Гордон Геко од познатиот филм на Оливeр Стоун.

    За Волстрит оваа деценијa е време на промени и развој, а Иван Боески бил во авангардата на тие промени. Тој купувал акции во обесценети компании по незаконски добиени инсајдерски информации и ги продавал со профит. Бил познат како „корпоративен рејдер“ и многумина од делoвниот свет се плашеле од него.

    По серија такви потези тој кон средината на 1980-те заработил над 200 милиони долари (околу 818 милиони во денешен еквивалент), а неговото портфолио вредело 3 милијарди долари (околу осум милијарди денес), многу од тоа финансирано со позајмени пари.

    Деценијата на Волстрит од 1980-те се асоцира и како деценија на алчноста. Трејдерите како Карл Ихан, Ти Боун Пикенс, Џејмс Голдсмит или Саул Стеинберг, покрај Боески или неговиот соперник Мајкл Милкен, станале неверојатно богати преку ангажман на шеми со финансиски инжинеринг и корпоративни упади по што пазарот со акции толку многу се вивнал што претрпел крах во 1987 година.

    Во 1985 година американската Комисија за хартии од вредност и тргувања на берзите започнала истрага за инсајдерските тргувања и тоа довело до откривање на незаконските активности на Боески и останатите по што следела закана од долгорочни казни затвор.

    Милкен инаку беше помилуван од претседателот Доналд Трамп во 2020 година.

    Познатиот исказ на Геко од филмот „Волстрит“ на Стоун „алчноста е добра, алчноста е исправна, алчноста работи“ е земен од вистинскиот живот на Боески.

    – Патем кажано, алчноста е добра. Мислам дека алчноста е здрава. Можеш да бидеш алчен и уште да се чувствуваш добро во себе, кажа тој за време на говор одржан 1986 година пред студентите во Универзитет Калифорнија, Беркли, при што беше поздравен со овации.

    Боески, чии родители се руски имигранти со еврејско потекло кои поседувале ресторани во Детроит, на 25 годишна возраст се оженил со Сема Силберстин, ќерка на магнат со недижности кој го поседувал „Беверли хилс“ хотелот во Лос Анџелес.

    По неговата смрт, брачната двојка добила голем удел во оваа ценета недвижност. Тој не страдал премногу во своите пензионерски години, американските медиуми јавија дека тој станал филантроп и ги помагал бездомните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img