Малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на „еуросупер-98, дизелот и на маслото за домаќинство за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер- 95 ќе биде 83,00 денари, „еуросупер- 98 ќе се продава за 85,50, дизелот за 73,00, а екстра лесното масло за 72,50 денари за литар.
За 0,306 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 42,629 денари.