More

    Таравари очекува владата да се формира на почетокот на јуни

    spot_img

    Во интервју за Радио телевизија Косово – РТК, Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека „Албанците ќе имаат шест министри во идната влада која ќе се формира на почетокот на јуни“. Тој рече дека Вреди ќе ја има и функцијата претседател на Собранието. Спикерската функција во парламентот треба да ја преземе токму Таравари, a дали ќе биде така зависи од самиот Таравари, кој веќе изјави дека смета оти треба да остане градоначалник на Гостивар.

    Во интервјуто за РТК Таравари рече дека министрите од Вреди, како и останатите владини и други државни функционери ќе бидат соодветни за функциите и дека тоа ќе бидат експерти за својата област. Тој и нагласи дека Вреди ќе ги именува тие лица.

    Таравари рече дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада се очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.

    – Во меѓувреме, кон крајот на следната недела ќе ги имаме и кадровските решенија и владината програма. По конституирањето на Собранието, претседателот на државата ќе го довери мандатот. Во првата половина на јуни сигурно ќе ја имаме новата Влада – изјави Таравари.

    Коалициските партнери, според Таравари, се согласиле дека приоритет на новата Влада е патот кон Европската Унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img