Седум лица се повредени при експлозија на граната од Втората светска војна во подрумот на воената академија во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на Воениот округ Ленинград.
Според извештаите, детонацијата се случила при чистење на подрумот на академијата.
Според претставникот на прес-службата на регионот во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки.
Седум припадници на армијата се повредени и сите се префрлени во болница на руското Министерство за одбрана, каде им е укажана неопходната медицинска нега.
Станува збор за граната со калибар 76 милиметри од Втората светска војна која се чувала во подрумот.