Украинската армија најави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде што Русија започна нова офанзива на 10 мај.
Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукианац и Вовчанск.
„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.