Најмалку 22 пловни објекти изгореа во голем пожар што синоќа избувна во пристаништето во Медулин, извести утринава истарската полиција, а пренесува Index.hr.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот на кои се гледа чад.
Според достапните информации, полицијата добила дојава за инцидентот во марината Медулин во 3.55 часот, а досега изгореле петнаесетина чамци, неколку потонале.
Пожарот се шири од еден на друг брод, а на местото на настанот се петнаесет пожарникари со четири возила од пожарната служба во Пула.
Како што јави ХРТ, некои жители скокнале во морето и донеле неколку чамци на безбедно.
Се слушнаа експлозии. Саѓи, бензини пловат по морето, морето гореше, какви ќе бидат последиците ќе се знае во текот на денот, а штетата најверојатно ќе се мери во стотици илјади евра.