Српскиот министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, кој беше првиот политичар во Србија кој се активираше на социјалната мрежа „ТикТок“, објави хумористично видео на тема дали треба политичарите да се активираат на оваа социјална мрежа или не.
Министерот Весиќ пее на кинески, а темата гласи „Избришете го ТикТок или пејте на кинески“.
Ако се погледне неговиот профил на оваа социјална мрежа може да се виде дека Весиќ е активен на оваа социјална мрежа и споделува видеа на најразлични теми.