More

    Демонстрации во Грузија -Полицијата во конфликт со демонстрантите, уапсени се 20 лица

    spot_img

    Демонстрации во Грузија. Полицијата се обиде да го растера собирот пред Парламентот пред состанокот на Правната комисија за расправата за законот за странско влијание. Владејачката партија вели дека предлог-законот е неопходен за да се спречи, штетното странско влијание.

    Опозицијата пак тврди дека предлог-законот е руски, бидејќи Москва користи слично законодавство за да ги стигматизира независните медиуми и организациите кои го критикуваат Кремљ.

    Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека демонстрантите пред парламентот „го нарушиле јавниот ред, дале отпор на полицијата и ги навредувале“ полицајците, поради што се уапсени 20 од нив, меѓу кои еден руски државјанин и двајца американски државјани, пренесува агенцијата „Интерфакс“. Опозициските пратеници тврдат дека не им било дозволено да влезат во зградата на парламентот каде Комисијата за правни прашања го усвоила законот по две минути, со што се отвора патот за гласање за законот во собранието оваа недела, наведува Ројтерс.

     

     

    Службата за државна безбедност на Грузија во средата објави дека целта на демонстрантите е „насилно да ја преземат власта“ со помош на финансии од странски партии и невладини организации. Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници за странски интереси“.

    Ваквиот закон минатата година беше напуштен поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација која работи за странски интереси“.

     

     

    Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

    Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img