Американската амбасада во Скопје во врска со вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на која таа го не го употреби уставното име, нагласува дека е важно да се зајакнува почитувањето на меѓународните договори и на евроинтеграцијата на земјава.
– Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија – е одговор на Американската амбасада за „360 степени“ на прашањето за вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Сиљановска Давкова, која давајќи свечена изјава во Собранието наместо уставното име Република Северна Македонија користеше само Македонија.