Нападот на икање е непријатна појава која никому не му се допаѓа, особено ако се појави без причина. Икањето се јавува кога дијафрагмата, тенкиот мускул што го дели градниот кош од абдоменот, почнува бргу да се грчи, без разлика дали луѓето дишат или, пак, не.
Оваа непријатност им пречи на некои дури и повеќе од полчас, па обично се обидуваат да ја прекинат со долги голтки вода. Таа метода понекогаш не помага, но има и други трикови кои би можеле да помогнат во таа ситуација.
10 начини да се справите со икањето
1. Притиснете ја дланката од едната рака со палецот од другата колку што е можно посилно или притиснете ја јаболчната коска на левиот палец што е можно посилно со прстите од другата рака. Непријатното чувство и болката влијаат на нервниот систем, што може да го спречи икањето.
2. Ставете ги прстите во ушите и држете ги 20 до 30 секунди или притиснете ја меката област зад ушната школка, веднаш под основата на черепот. Ова ќе испрати релаксирачки сигнал низ нервот што се протега до дијафрагмата.
3. Ако ги покриете ушите или ги ставите прстите на нервот зад тапанчето и пиете вода со помош на сламка, резултатот ќе биде подобар.
4. Извадете го јазикот и дишете полека. Колку и да ви е смешно, може да помогне и да ја запрете спазмата на дијафрагмата.
5. Покријте чаша со вода со тенко марамче и испијте ја водата преку марамчето. Ќе мора да се напрегате за да испиете голтка, а тоа ќе ги опушти вашите мускули на дијафрагмата.
6. Измешајте една лажичка шеќер и мед и со вода проголтајте ја смесата.
7. Исечкајте лимон и изгрицкајте го. Киселината предизвикува контракции во устата и хранопроводникот, што може да помогне да се смири икањето.
8. Обидете се намерно да ждригнете. Ова треба да помогне да се ослободи вишокот воздух од вашиот стомак ако тоа е проблемот што предизвикува икање.
9. Свиткајте се во форма на круг. Повлекувањето на колената кон градите врши притисок врз дијафрагмата, што може да предизвика да престане да се собира. Легнете на грб со свиткани колена. Следно, ставете ги прстите под колената и повлечете ги колената кон градите. Држете до една минута.
10. Нежно притиснете ги очните јаболка. Нежното притискање на очните јаболка може да го стимулира вагусниот нерв и да го запре икањето.
Ако икањето трае подолго од 48 часа, консултирајте се со лекар бидејќи тоа може да биде симптом на некои сериозни состојби како респираторни проблеми, кардиоваскуларни нарушувања или проблеми во функционирањето на органите за варење.