More

    Во Ерменија уапсени 151 демонстрант: Протести против предавање територија на Азербејџан

    spot_img

    Ерменската полиција соопшти дека уапсила 151 демонстрант во главниот град Ереван додека се обидувале да ги блокираат патиштата во знак на протест против одлуката на владата да му отстапи делови од територијата на Азербејџан како дел од мировните преговори.

    Полицијата соопшти дека демонстрантите биле приведени бидејќи не одговориле на повиците да си заминат. Според полициското соопштение, во Ереван во моментов не е блокирана ниту една улица.

    Ерменија веќе неколку недели е потресена од протестни собири предводени од движење кое бара оставка од премиерот Никол Пашинјан.

    Ерменските власти го одобрија враќањето на пограничните села што ги зазеде ерменската армија во 1990-тите во обид да се постигне мировен договор за конечно да се стави крај на децениските територијални спорови и вооружени конфликти со Баку.

    Таа одлука, која некои ја сметаат за непотребна отстапка, поттикна марш од регионот Тавуш, кој кулминираше со демонстрации со десетици илјади луѓе на 9 мај. За време на викендот имаше и други собири во Ереван.

    Пред тоа, ерменската влада се соочи со повеќенеделни демонстрации, од кои некои ја блокираа главната оска на земјата север-југ што ги поврзува Ерменија и Грузија.

    Главен водач на движењето Тавуш во името на татковината е надбискупот од таа област Баграт Галстаниан, кој бара оставка од ерменскиот премиер Пашинјан.

    Ерменија и Азербејџан водеа две војни за контрола на азербејџанската територија Нагорно Карабах. Во првата, одржана во 1990-тите, победи Ерменија и имаше повеќе од 30.000 загинати, а во втората одржана во 2020 година победи Азербејџан. Тогаш животот го загубија 6.000 луѓе.

    Потоа, во септември 2023 година, Баку започна блиц-офанзива што ги принуди ерменските сепаратисти во Нагорно-Карабах да капитулираат за неколку дена и ја презедоа контролата врз целата територија.

    После тоа, преговорите беа забрзани, но досега не е постигнат глобален договор меѓу двете земји, во чии рамки Ереван треба да ги врати селата што ги освои од соседот во 90-тите години.

    Азербејџан е во голема мера подобро вооружен од Ерменија благодарение на приходите од нафта, а ја има и поддршката од Турција. Ерменија, многу посиромашна земја, чувствува дека нејзиниот традиционален сојузник Русија ја напушти во корист на Баку и повеќе се сврте кон Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img