Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, го повика претседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да си ги измери зборовите по изборите во Македонија.
– Го повикувам Мицкоски , тој е мој колега, тој ми е добар пријател, од ЕПП, да престане да зборува, бидејќи изборите поминаа. Му честитав за неговиот успех, но со оваа реторика ја видовте целата бугарска политичка класа запалена. Ако сака добрососедство имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните – рекол Борисов во Бургас за време на предизборен настан.
Мицкоски го заостри јазикот против Бугарија, па дури и коментира дека ќе чека поразумен премиер со кој ќе може да разговара.
Ова следува откако премиерот на Бугарија Димитар Главчев рече дека Бугарија нема да прави отстапки во однос на Македонија.
– Се надевам дека ќе ја продолжат својата европска перспектива. Од наша страна немаме каде да правиме повеќе отстапки – порача Димитар Главчев.