More

    ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ОТВОРЕН ДЕН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    spot_img

    Презентирање на можностите кои ги нудат студиските програми, условите за студирање и воспоставување на соработка помеѓу сите чинители во локалната зедница, беше целта на денешниот Отворен ден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ кој се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

    Мотото на овогодинешниот промотивен настан, кој се организира по трет пат беше „Повеќе од образование“. Во рамки на програмата беа предвидени две панел дискусии, а беше одржан и „Изложбен ден-ден на кариера“ на кој со свои штандови се претставија единиците на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ и компании.

    Во името на Општина Охрид на една од панел дискусиите свое обраќање имаше заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

    Образованието е најсветлата ѕвезда која ја осветлува патеката за истражување и откривање нови хоризонти, а образовните институции се седиште на мудроста, каде што професорите, учениците и студентите споделуваат знаење и искуства, кои се основа за развој и напредок на едно општество.

    Ценети професори, драги сегашни и идни студенти, почитувани гости,

    Големо е задоволството да се биде дел од ваков прекрасен настан, кој има за цел да ги промовира студиските програми на нашиот престижен Универзитет Свети Климент Охридски. Почестени сме што токму Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, оваа година се ваши домаќини и што ќе имаме можност одблиску да се запознаеме со повеќе детали околу можноста за уписи и начинот на студирање.

    Универзитетот Свети Климент Охридски е еден од најпрестижните универзитети во нашата држава, со богата историја и има исклучително важна улога во развојот на образованието во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

    Оваа високообразовна институција се гордее со голем избор на студиски програми на различни факултети, кои се приспособени според потребите на денешното време и современите предизвици на пазарот на труд. Покрај тоа што универзитетот обезбедува квалитетно образование, нуди и соодветни ресурси кои можат да гарантираат успешна кариера во соодветната област.

    По мотото „Повеќе од образование“, денешниот настан не само што го одбележува изборот на студентите за нивната идна кариера, туку го истакнува  и значењето на високото образование во нашето општество.

    Преку панел дискусијата која е предвидена во денешната програма, ќе може да споделиме и да слушнеме различни идеи,  мислења и предлози во насока на подобрување на условите за студирање и подобри можности за студентите.

    Почитувани,

    Истакнатиот светски филозоф Жан Жак Русо рекол „Учењето е светлината на умот, а образованието е огледало во кое што можеме да видиме рефлексија на светот“. На сите идни студенти им посакувам да бидат водени од оваа мисла, да ги остварат своите соништа, да изградат успешни кариери и да ги исполнат своите амбиции.

    Нека знаењата и искуствата од овој универзитет ве одведат на врвот на успехот, а нашата држава да биде горда на вашите имиња и постигнувања!

    Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков ви посакувам успешен настан, со надеж дека Охрид повторно ќе биде домаќин на вакви важни случувања, кои се посветени на младите и образованието, истакна Божиновски.

    На панел дискусијата свои обраќања имаа Ректорот на универзитетот, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Проф. д-р Снежана Дичевска и деканот на Економскиот факултет од Прилеп, Проф. д-р Драгица Оџаклиеска.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img