Од ВМРО-ДПМНЕ бараат датум за избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако Ковачевски не е спремен да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, спремни сме да разговараме со секој од СДСМ кој носи одлуки, било тоа да е Заев или Шекеринска, одговори денеска ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот вчера ја одби поканата на Христијан Мицкоски да разговараат за предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Ковачевски да размисли убаво до 10-ти мај и да се изјасни за понудата, а во меѓувреме, како што велат, да ги консултира органите на партијата или барем неговите политички ментори во СДСМ.

„СДСМ и Ковачевски се однесуваат недораснато и неодговорно. Тие без да размислат ја одбиваат пружената рака од ВМРО-ДПМНЕ за помош во справувањето со кризите и проблемите во кои е западната Македонија токму поради нивното владеење. Велиме дека нивното однесување е инфантилно, бидејќи одбија средба на која ќе се разговара за понудата за формирање четири тима во делот на економијата, надворешната политика, здравство и образование и ќе работат без привилегии за да им помогнат на владата и граѓаните да излезат од акутни проблеми во општеството и тензијата во која што живеат. СДСМ бега и од темата за предвремени избори, бидејќи тие знаат дека ќе загубат. Тие се спремни да ја уништат државата само да ја зачуваат фотелјата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека нивната понуда е пакет за подобра иднина на Македонија од кој премиерот не може да бира што му се допаѓа, а да одбива тоа што не му допаѓа.

„Понудата е јасна, да се дефинира термин за нови избори, а во меѓувреме овие тимови од експерти, без привилегии да ѝ помогнат на Владата, без партизација, без политизација, да можат да се решат акутните проблеми. СДСМ и Ковачевски треба да покажат дека ги интересира подобрата иднина на граѓаните, а не само голата власт“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article